“Македонија во минатото даде великани, имиња кои ги изговараме со смирена благонаклоност и со стравопочит. Македонија и сега создава големи по душа и неповторливи маченици и херои, подготвени за самопожртвување, пред споменот или ликот на кои им симнуваме капа. Јас лично, со своите слаби сили и способности, не сум направил ништо повеќе од совесно исполнување на долгот кон распарчената и поробена борбена татковина – Македонија. Функцијата, инаку, ми помогна да работам во моментот со капитал, создаден од сите творци на македонската епопеја и да го претставувам идеализмот, моралната сила и цврстината на борбена Македонија. Драгоцените квалитети и дарби на Македонија се залог за сигурноста и брзо извојување на Независноста на Македонија, а не способностите на малкумината водачи.” – Тодор Александров, писмо до неговиот пријател П.Стаматов, 20 јуни 1924 година
“Патувањата на Тодор Александров се рамни на царски патувања, таму каде ќе стаса тој, на пример, во некоја далечна долина, долината добива живот, зад секое дрво будно стои стражар, секој жбун во шумата крие две очи, а селаните се собираат крај патеките изговарајки ги во шепт зборовите: Тодор ќе минува оттука.” – генерал Томсон во весник Тајмс, Лондон 1923 год
- Борис Дрангов војвода ,и Подполковник во бугарската армија
„Нема смрт подостојна за човекот од херојска смрт на бојното поле. Нема поголема заслуга од ова – да се положи животот за доброто на својата родна земја“
“Се колнеме во името на Бога, верата и честа, дека отсега ќе служиме колку што можеме за слобода на нашата татковина Македонија и Одринско; ќе ги слушаме наредбите на нашите главатари; нема никому да ги кажеме скришните народни работи. Ако не ги слушаме наредбите на нашите главатарии ако некому, свесно или несвесно, кажеме за она што сега го гледаме, што го слушаме и што го работиме да бидеме убиени од браќата со оружјето што сега го целиваме. Амин”