Охридско-дебарско востание

КАТЕГОРИЈА:

Охридско-дебарско востание (познато и како Охридско востание) востание против српската окупаторска власт коешто избувнало во септември 1913 година, по завршувањето на Втората балканска војна, во Дебарско, Струшко и Охридско. Било организирано од структурите на ВМРО на Тодор Александров и од локалните албански востаници, а било раководено од Петар Чаулев, Милан Матов, Павел Христов и Антон Шибаков. По десетдневни борби со редовната српска војска востанието било задушено.