Македонското востание (во македонската историографија познато под името Кресненско востание, а во бугарската историографија познато под името Кресненско-разлошко востание) — востание на македонскиот народ против отоманската власт кренато на 17 октомври (5 октомври по стар стил) 1878 година во селото Кресна, во долината на реката Струма во Пиринска Македонија кренато од бугарите во Македонија.
Причини
Самите настани во Големата источна криза (1875-1881) година, Руско-турската војна, Санстефанскиот мировен договор и Берлинскиот конгрес имале силно влијание во Македонија.
Револуционерниот дух кај македонските бугари сè повеќе растел особено по востанието во Босна и Херцеговина и ослободувањето на Бугарија од страна на Русија во Руско-турската војна.
Најголема причина за оружена борба за ослободување на Македонија предизвикал членот 23 од мировниот договор на Берлинскиот конгрес, кој се однесувал на Македонија и предвидувал нејзина автономија но останување во рамките на Османлиското Царство.
„ Литл Бој… раскажува за дејноста на четите во Македонија и нивните дејствија ги споредува со дејствијата на селаните во Италија во 1855 г. Тој вели дека тие не се орагнизирани банди, туку производ на лошата состојба од турското општество и управа, резултат на анархичноста во аграрното уредување, на полната незаштитеност на приватната сопственост. Тој, меѓу другото, вели дека не може да се одрекува дека таквите шајки во Босна, Херцеговина, Македонија и Бугарија имаат извесни политички насочувања. Според него во такво матно време шајки можат да се претворат во војска, а ајдутството да се претвори во војна за ослободување.
Главните подготовки за подигнување на востанието биле водени од повеќемина видни бугари – учители, трговци, свештеници итн. Најангажирани во подготовките биле охридскиот Митрополит Натанаил Охридски и познатиот револуицонер учителот Димитар Поп-Георгиев Беровски кој две години претходно бил главен водач на Разловечкото востание, познатиот војвода од тој период Стефо Николов, познатиот револуционер од тоа време поп Коста (Буфски) од с.Буф-Леринско и неколкумина други војводи.
Голема улога во подготовките и одвивањето на востанието ќе имаат и штотуку формираните т.н. благотворителни комитети Единство, кои ги организирале мирните но и вооружените протести и акции против решенијата на Берлинскиот конгрес кои имале главно негативен карактер во однос на Санстефанскиот мировен договор кој во целост бил во корист на Бугарија. Најважни од нив биле Софискиот и Џумајскиот комитет кои всушност играле и раководна улога во востанието.
При подготовките за востанието најмногу се сметало на четите кои би се формирале од доброволци-ополченици во Бугарија кои по завршувањето на војната останале таму. Меѓутоа искуствата покажале дека за да успее востанието требало да се исползуваат чети од Македонија кои веќе ги крстосувале македонските планини, чети познати на народот, чети кои ќе ги имаат идеалите за слобода на Македонија и чети кои немаат никакво влијание од соседните држави (Бугарија, Србија, Грција).
Први раздвижувања на четите и последните подготовки за кревање на востанието
Кон крајот на септември 1878 година Софискиот благотворителен комитет во Ќустендил го испратил Луј Војткевич (Полјак) со голема чета од 300 души за да се префрли во Македонија. По краткотрајна вооружена борба, четата била разбиена од турскиот аскер и Луј Војтеквич се вратил назад во Софија по нови инструкции.
Истиот месец Адам Калмиков (Козак од Украина) со голема чета доброволци се обидел да влезе во Македонија но и неговиот обид ќе биде неуспешен поради тоа што неговата чета целосно била разбиена од турскиот аскер. Подоцна овие двајца ќе бидат поставени од комитетот Единство со раководни функции во востанието.
Одлука за кревање на востание
На состанокот одржан на 8 септември во Рилскиот Манастир, свикан од Натанаил на кој присуствувале и Димитар Поп-Георгиев Беровски и војводата Дедо Иљо Малешевски (Марков) било решено да се повикаат сите чети кои дејствувале недалеку од демаркационата линија да се приближат до Горна Џумаја. На повикот се одзвале повеќе чети и во Горна Џумаја се одржало советување со војводите за востанието.
Токму на ова советување бил прифатен предлогот на еден од поистакнатите војводи Стојан Карастоилов, востанието да започне со нападот на Кресна. Тука било прифатено со нападот да раководи Стојан Карастоилов.
Иако во целост подготовките за востанието биле во раководени од војводите од Македонија, сепак комитетот Единство како главен иницијатор на востанието (иако сакал востанието да изгледа како дело на Македонија), не можел да допушти целото востание да се одвива во рацете на македонските војводи и. Затоа по нивното барање командата на востанието му била доверена на офицерот на руската армија козакот Калмиков.