Илинден или Ден на Св. Илија — голем македонски национален и православен празник на македонските бугари, кој се одбележува на 2ри август. Илинден има посебно значење за историјата на нашиот народ заради тоа што на 2 август или 20 јули по стар календар започнало Илинденското востание во 1903 година, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најважните празници во Македонија.
Илинденското востание е востание против Отоманското Царство организирано од страна на ТМОРО и претставува еден од најголемите и најзначајните настани од македонската историја. По подготовките за востание против Отоманското Царство, на 2 август 1903 година на православниот верски празник Св. Илија – Илинден започнало Востанието. Ова востание е познато како Илинденско, според денот на започнување. На почетокот на јануари 1903 година, Централниот комитет на ВМРО донел решение да се крене востание летото истата година, иако за тоа немало поволна внатрешна и надворешна ситуација во Македонија, особено што на решението се спротивставиле неколку угледни револуционери, меѓу кои најпознат бил Гоце Делчев. Сепак, востанието означувало нова фаза од развојот на македонското национално и ослободително движење. На 20 јули (по стар календар), од носно на 2 август 1903 година, на Илинден (по нов календар), почнало Илинденското востание во Македонија. Тоа најголем успех постигнало во Битолскиот револуционерен округ. Прво било ослободено Смилево, па Крушево – центарот на востанието. Потоа востанието постигнало поголем успех во Костурско и во Леринско. На 4 август 1903 година, 600 востаници го ослободиле градот Клисура и го држеле во свои раце се до 17 август. На 17 август истата година, 700 востаници од Костурско и од Леринско го ослободиле гратчето Невеска. Покрај тоа, биле ослободени повеќе костурски, лерински и преспански села, каде што била воспоставена народна власт. Најжестоки борби се воделе кај селото Езерец меѓу 300 востаници и 2.000 османлиски аскер. Востаниците постигнале значителен успех и во Охридскиот револуционерен реон. Таму најжестоки востанички акции се воделе во Малесија, во Горна и во Долна Дебрца и на други места. Исто така, во Преспа имало жестоки борби со османлискиот аскер. Востаниците постигнале успех во Демирхисарско и во Кичевско, каде што биле ослободени повеќе села. До жестоки судири дошло во селата Прибилци, Карабуница и Извор, па дури се направил обид за ослободување и на градот Кичево.
Вечна слава на героите .