Границите на Македонија

КАТЕГОРИЈА:

(Согласно на прологот во Уставот на ВМРО, преработен на нејзиниот општ конгрес во 1925 г.)

Источната граница на Македонија почнува од устието на реката Места и оди по нејзиниот тек северно до над селото Бук; од таму продолжува низ областа Чеч, го следи водоразделот по Родопскиот венец од врвот Крушово на север и завршува на Колос Мусала.

Северната граница оди по Рила и Осогово до врвот Патерица; од таму продолжува кон запад по водоразделните височини меѓу коритото на Вардар и тоа на реката бугарска Морава, додека стигне до Скопска Црна-Гора, го следи нејзиниот срт до Качаничката клисура, продолжува по главниот Шарски венец и стига до Црни Дрим, северно од Дебар.

На запад Македонија се одделува од Албанија со планинскиот венец, кој оди на запад од Црни Дрим и Охридското Езеро, додека го опфати целиот нивни басен; границата го опфаќа и басенот на Преспанското Езеро, го следи водоразделот меѓу реката Девол и реката Бистрица и стига до Грамос планина.

Јужната граница оди по водоразделните планини меѓу басенот на реката Бистрица и тој на тесалиската река Сапатарија, стига до морето, го следи брегот на Бело Море до устието на реката Места.