Напред вдесно е членот на Главниот штаб на востанието Анастас Лозанчев. Роден во Битола во 1870 година. Еден од првите дејци на ВМОРО во Битола. Член на Битолскиот окружен комитет. На Смилевскиот конгрес е избран за член на Главниот штаб на востанието заедно со Даме Груев и Борис Сарафов. После востанието живее во Софија до 1908 година кога се враќа во Битола.
При српската окупација во 1912 е принуден одново да се врати во Бугарија. Во 1941 заедно со другите живи илинденци активно учествува во востановувањето на бугарско управување во Вардарска Македонија. Умира во Софија во 1945 година.
ИЛИНДЕН 1941 ГОДИНА. ЖИВИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ ПРАЗНУВАА ВО СЛОБОДНА БИТОЛА.
КАТЕГОРИЈА:
