Кога после Хуриетот во 1908 година ВМРО се легализира противоречијата во Организацијата особено после смртта на Даме Груев во 1906 година се изоструваат. Десните начело со Централниот комитет на ВМОРО создават Сојуз на Бугарските конституционни клубови, а левицата предимно деjците од Серски округ начело со Јане Сандански формираат Бугарска народна федаративна партија покасно Народна федеративна партия – Бугарска секција.
Уште во уставот на Бугарските конституционни клубови се фиксира нивната цел:
“Бугарскиот конституционен клуб има за цел:
а/ да даде граѓанско и политичко воспитање на Бугарскиот народ…
б/ да ја пази и развива Бугарската народна култура.”
Вестникот “Народна волја” е орган на санданистите. Ете како се објаснети неговите цели во број 1 од 17. 1. 1909 год.
„Како орган на БНФП „Народна волја” застанува врз почвата на интересите главно на оној дел од Бугарското население, кое го составува огромното негово мнозинство и нajглавниот елемент на оваа партија – лишените од државни грижи мали сопственици, безимотните и малоимотните чифлигари, мали стопани, занаетчии, трговци. Тие слоеви се чиито интереси се интересите на Бугарската националност во Империјата…”